сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 81
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Фудбал

Неочекуван избор: Гринвуд го посочи најтешкиот противник со кого се соочил во кариерата

Неочекуван избор: Гринвуд го посочи најтешкиот противник со кого се соочил во кариерата

Мејсон Гринвуд од 2018 година е дел од првата екипата на Манчестер Јунајтед што значи имаше доволно време за да игра против доста екипи, против доста играчи на зелениот терен.

Токму од тие битки талентираниот офанзивец имаше задача да одбере, односно го посочи фудбалерот кој му бил најтешкот ривал, против кого едноставно не можел да најде решение. Неговиот избор е доста интересен, неочекуван и се работи за 27-годишниот член на Фулам, Џо Брајан против кого играше минатата сезона.

-Тоа е добро прашање. Веројатно морав да кажам, можеби е изненадувачки, но дали го знаете Брајан, оној кој игра за Фулам? Тој не ми дозволи простор, ниту време за топката, кога игравме ротив нив дома и на гости. Тоа беше една од моите најтешки натпревари за нас.

-Тој е оној за кој веројатно не би помислил дека би го изговорил неговото име, но тој беше блиску до мене и не ми даваше многу простор. Добар дефанзивец и веројатно беше мојот најтежок предизвик, -откри младиот напаѓач кој досега за Јунајтед има дадено 29 голови на 109 натпревари.

Коронавирус