вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Немања Матиќ сакал да се сретне со навивачите, но од управата не му било дозволено

Немања Матиќ сакал да се сретне со навивачите, но од управата не му било дозволено

Српскиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед  Немања Матиќ вчера сакал да влезе во толпата навивачи што протестираше пред и на „Олд Трафорд“ против американските газди на Манчестер Јунајтед, но бил спречен од челниците на клубот.

Тој сакал да ги смири фановите, нешто што веќе успешно направи пред неколку дена кога 20-тина следбеници влетаа во тренинг-кампот на „ѓаволите“, со цел да ги смири и да побара да им биде дозволено да го одиграат мечот со Ливерпул.

Идејата на Матиќ ја подржале и Скот Мектомини, Бруно Фернандеш и Хари Мекгваер кои исто така сакале да позборуваат со навивачите.

ЕУРО 2020

Македонија