вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 30
home Фудбал

Нема Лига на шампиони и Европа Лига во Македонија – Нашите клубови ќе играат квалификации на Кипар

Нема Лига на шампиони и Европа Лига во Македонија – Нашите клубови ќе играат квалификации на Кипар

Спортски Журнал објави дека УЕФА веќе донела одлука клубовите од Регионот да играат како домаќини на терени во Никозија, Ларнака…

Српскиот спортски медиум „Спортски Журнал“ објави информација дека македонските клубови и дел од останатите екипи од  Регионот ќе мора да бидат домаќини на Кипар во квалификациските мечеви во Лигата на шампионите и Европа Лигата.

Поради пандемијата со Ковид-19 УЕФА се одлучила на ваква варијанта за македонските, српските, албанските, црногорските и клубовите од Босна и Херцеговина.

Се чека само потврда од европската куќа на фудбалот, која треба да им соопшти на нашите четири претставници Силекс, Шкеднија, Ренова и Шкупи, дека ако бидат одредени за домаќини на нокаут мечевите во квалификациските кола ќе мора ѕоа да го сторат на терени во Никозија, Ларнака… каде според УЕФА може да се спроведат строгите протоколи.

Ждрепката за стартните рунди во ЛШ и во ЛЕ ќе биде на 9. август.

Коронавирус