сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 36
home Фудбал

Нема крај на хаосот поради коронавирусот: Пред одложување и Јувентус-Милан!

Нема крај на хаосот поради коронавирусот: Пред одложување и Јувентус-Милан!

Коронавирусот прави се поголеми проблеми во Европа, а најмногу во Италија.

Откако најмногу се пишуваше за натпреварот Јувентус и Интер кој сега е одлучено да се игра на 9. март (понеделника), сега пристигнува информација дека утрешното полуфинале кое во Торино треба да го играат Јувентус и Милан ќе биде одложено.

Оваа информација ја објавија сите медиуми во Торино и новинарот Ромео Агрести кој важи за добро упатен со случувањата во Торино. Според информациите донесена е одлука сите спортски настани кое се закажани за утре во Торино да бидат одложени, па така и реванш полуфиналето од купот на Италија.

Извор: Спортски

Коронавирус