четврток, 4. март 2021. Вести денес: 166
home Фудбал

„Нема да молиме никој да остане“: Спортскиот директор на ПСЖ удри по најдобрите играчи во тимот

„Нема да молиме никој да остане“: Спортскиот директор на ПСЖ удри по најдобрите играчи во тимот

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави што мисли за иднината на напаѓачите Нејмар и Килијан Мбапе.

Договорите на двајцата играчи истекуваат во летото 2022 година.

– Мислам дека се осигурија дека ПСЖ е одлично место за играчи со големи амбиции. Треба да преговараме со нив, земајќи ги предвид нивните желби и барања. Но, да им кажеме: Ве моламе, останете – тоа нема да се случи. Ќе остане оној што навистина го сака тоа. Ние редовно комуницираме со нив. Имам претчувство дека сè ќе се среди, го цитира Леонардо „Франс Фудбал“.

По 20 одиграни кола во францускиот шампионат, ПСЖ е лидер на табелата со 42 бода, исто колку што има и второпласираниот Лил.

Коронавирус