сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Фудбал

Нема да ја издржи болката: На аргентинскиот селектор не му кажуваат дека Марадона починал

Нема да ја издржи болката: На аргентинскиот селектор не му кажуваат дека Марадона починал

Селекторот кој ја водеше аргентинската репрезентација на Мундијалот во 1986 година, Карлос Билардо има 82 години и страда од невролошко заболување. Здравствената состојба не му е добра, па неговото семејство не сака дополнително да го вознемири со веста за смртта на Диего Марадона и не му кажале дека славната десетка замина од овој свет, објави СпортМанија.

„Не можам да му кажам дека Диего е мртов, нивниот однос беше како татко и син“, изјави братот на Карлос Билардо, Хорхе.

Билардо живее во Буенос Аирес, за него се грижи медицинска сестра, а семејството на стручњакот дало совет до сестрата да не пушта телевизор за тој да не дознае за смртта на Марадона. Сестрата му кажала на Билардо дека телевизорот не работи затоа што кабелот бил скинат.

Карлос Билардо ја водеше Аргентина на три светски првенства од 1982 до 1990 година. Освен титулата во 1986 година во Мексико, тој со Албиселесте стигна и до финалето на СП во 1990 во Италија.

Коронавирус