понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Нема да има натпревари со маски во Бундеслигата

Нема да има натпревари со маски во Бундеслигата

Натпреварите во Бундеслигата нема да вклучуваат фудбалери кои носат маски, увери германскиот министер за труд и социјална грижа Хубертус Хајл.

Како што е познато, натпреварите од германската елита скоро сигурно ќе продолжат на 9 мај и нема да има навивачи на стадионите. Во последниве денови, сепак, се појави идејата фудбалерите да носат заштитни маски.

– Мислам дека не се можни натпревари со маски. Преговаравме со лигата, направивме добра работа и можеби ги најдовме вистинските решенија, изјави Хајл за „Шпигел“.

Дуелите во Бундеслигата беа прекинати во март заради пандемијата од коронавирус.

Последниот збор за тоа кога ќе почне првенството ќе биде на германската влада.

ЕУРО 2020

Македонија