четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Нејмар жестоко казнет за инцидентот во тунелот (ВИДЕО)

Нејмар жестоко казнет за инцидентот во тунелот (ВИДЕО)

ПСЖ пред неколку дена беше поразен од Лил со 1-0, а Нејмар доби црвен картон откако влезе во расправија со Џало.

Пресметката меѓу двајцата фудбалери продолжи на патот кон соблекувалните, Бразилецот се обидуваше да се пресмета со противничкиот фудбалер, тој го турна во тунелот, за малку фалеше да настане поголем инцидент, но на голема среќа обезбедувањето брзо реагираше, пренесе СпортМедиа.

Лига 1 ја потврди казната за двајцата фудбалери, тие ќе бидат суспендирани на следните три меча во францускиот шампионат.

Коронавирус