вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 131
home Фудбал

Нејмар верува дека Салах може да биде една од главните ѕвезди на СП 2018

Нејмар верува дека Салах може да биде една од главните ѕвезди на СП 2018

Бразилскиот репрезентативец Нејмар смета дека Мохамед Салах од Ливерпул ќе биде главна ѕвезда на претстојното Светско фудбалско првенство во Русија.

На изненадување на многумина, Бразилецот се одлучи за Салах, пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо, најдобрите играчи на светот во последната деценија.

– На Светското првенство ќе има многу добри играчи, најдобрите во светот. Мислам дека Кутињо и Габриел Жезус можат да „испливаат“ на површина и ќе играат важна улога. Салах не е играч од најсилниот тим, но тој може да влијае на резултатот. Постојат и други играчи. Тука се Азар, Луис Суарез,…, истакна Нејмар.

Бразилецот закрепнува од повредата добиена настапувајќи за неговиот клуб ПСЖ. Се очекува во втората половина на мај да почне со тренинзи и да биде подготвен за Мундијалот во Русија кој почнува на 14 јуни и ќе трае до 15 јули.

Коронавирус