четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Фудбал

Нејмар суспендиран со два натпревари во Францускиот шампионат

Нејмар суспендиран со два натпревари во Францускиот шампионат

Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација (ФФФ) го казни бразилскиот фудбалер Нејмар со два меча суспензија поради црвениот картон на дуелот против Лил во францукиот фудбалски шампионат.

Нејмар доби втор жолт картон во 90 минута и автоматски беше исклучен, исто како и фудбалерот на Лил, Тијаго Џело.

Додека Нејмар и Џело заминуваа кон соблекувалните, двајцата си разменија неколку вербални провокации, а потоа Бразилецот тргна физички да се пресметува со Џело.

За среќа, неколку луѓе кои беа околу двајцата завојувани играчи, успеаа да спречат да не дојде до физична пресметка.

Нејмар ќе ги пропушти двата дуела од првенството на Франција против Стразбург и Сент Етјен, но ќе биде подготвен за реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Баерн Минхен.

Коронавирус