петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар со ПСЖ ќе го продолжи договорот до 2026 година

Нејмар со ПСЖ ќе го продолжи договорот до 2026 година

Француските медиуми објавија дека бразилскиот фудбалер Нејмар постигна конечен договор со ПСЖ за продолжување на соработката и во периодот кој следи.

По повеќемесечни преговори, двете страни постигнаа договор и Нејмар ќе потпише богат договор до крајот на летото 2026 година.

Нејмар наполни 29 години пред неколку дена, па новиот договор значи дека најверојатно ќе ја заврши кариерата во ПСЖ.

Актуелниот договор со ПСЖ е со важност до летото 2022 година, а Бразилецот во моментов заработува 31 милиони евра годишно..

Коронавирус