понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 73
home Фудбал

Нејмар: Секој парижанец да верува во нас

Нејмар: Секој парижанец да верува во нас

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар ја кажа својата огромна желба да го води тимот до финалето во Лигата на шампионите.

– Имавме многу тежок прв натпревар со Сити, но мора да верувате во најдоброто. Не е важно што кажува статистиката или процентот на веројатност да стигнеме до финалето. Секој парижанец мора да има верба во нас. Јас сум напаѓачот, јас сум на фронтот и ќе бидам првиот воин кој ќе ги води сите други во битка. Ќе дадам се од себе и ќе се борам за пласман во финалето, без оглед на се, дури и ако треба да умрам на теренот, изјави Нејмар за „Goal“.

Во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, ПСЖ загуби на домашен терен од Манчестер Сити со 1:2.

Реваншот ќе се одржи во вторник на 4 мај со почеток во 21 часот на теренот на Манчестер сити.

ЕУРО 2020

Македонија