вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 68
home Фудбал

Нејмар се огласи по стравичната повреда: Ќе се вратам посилен

Нејмар се огласи по стравичната повреда: Ќе се вратам посилен

Екипата на ПСЖ денеска ја оправда фаворитската улога против Сент Етјен и славеше со 3:1, но натреварот помина во сенка на стравичната повреда на Нејмар.

Во финишот на натпреварот, Бразилецот нагази на ногата на фудбалер на Сент Етјен и притоа го свитка зглобот на ногата по што падна на тревата со болна гримаса на лицето.

Првичните информации се дека станува збор за потешка повреда, а вечерва се огласи и самиот фудбалер.

„Сега ќе се опоравам. За жал, вакви работи се дел од животот на спортистите. Се што треба да направам е да кренам главата и да продолжам понатаму. Ќе се вратам посилен и подобар“, напиша Нејмар на својот профил на Инстаграм.

фото: EPA-EFE/Thierry Larret

Коронавирус