вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 100
home Фудбал

Нејмар се огласи каде ќе ја продолжи кариерата- секој знае зошто дојдов во Париз

Нејмар се огласи каде ќе ја продолжи кариерата- секој знае зошто дојдов во Париз

Еден од најдобрите играчи во светот, Нејмар да Силва ја отфрли можноста да го напушти ПСЖ ова лето, истакнувајќи дека тој е среќен во Париз.

Нејмар одамна е поврзуван со Реал Мадрид, особено по преминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, но тој не сака да го напушти Париз.

– Останувам во Париз, имам договор. Приказните околу моето заминување доаѓаат од медиумите. Сите ја знаат мојата цел и зошто отидов во Париз Сен Жермен. Сакам да остварам успеси со овој клуб и се надевам дека следната сезона ќе биде уште поуспешна, изјави Нејмар за бразилски „Фокс“.

Неј Џуниор стана најскапиот фудбалер во светот минатата година, откако се пресели од Барселона во Париз Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра.

Нејмар со парижаните го освои француското првенство и Купот, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето на Реал Мадрид, но тогаш не играше поради повреда.

Со бразилскиот национален тим, учествуваше на Мундијалот во Русија, но неговиот пат заврши во четвртфиналето по поразот од Белгија (2:1).

Минатата сезона, тој играше 30 натпревари и постигна 28 голови, додека за бразилскиот тим веќе има 90 настапи и 57 постигнати погодоци.

Коронавирус