сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар се наполни со пари: Бразилецот по меч од ПСЖ заработува 1,4 милиони евра

Нејмар се наполни со пари: Бразилецот по меч од ПСЖ заработува 1,4 милиони евра

ПСЖ во 2017 година за Нејмар плати 222 милиони евра, а Бразилецот стана еден од најплатените фудбалери во светот со заработка од 37 милиони евра по сезона.

Бразилецот во дресот на францускиот тим одигра само 80 меча од можни 155 во текот на претходните три сезони, но своите услуги добро ги наплати.

Нејмар во просек заработи по речиси 1,4 милиони евра од натпревар во дресот на ПСЖ или поточно 111 милиони евра за 80 меча.

И покрај тоа што Бразилецот не игра премногу често во дресот на парижаните, сепак тие се подготвени да му го продолжат договорот и да му ја зголемат платата на неверојатни 50 милиони евра.

ЕУРО 2020

Македонија