понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 124
Во живо

Протест во Свети Николе- „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Фудбал

Нејмар сака назад во Барса, одбил премија од неверојатни 100 милиони евра за да остане верен на ПСЖ?!

Нејмар сака назад во Барса, одбил премија од неверојатни 100 милиони евра за да остане верен на ПСЖ?!

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Нејмар одбил да стави потпис на нов договор со ПСЖ и покрај тоа што му бил ветена премија од неверојатни 100 милиони евра за продолжување на верноста.

Нејмар не се откажува од желбата да се врати на Камп Ноу, ова го пренесе денешното издание на Мундо Депортиво. Каталонскиот весник вели дека Бразилецот на маса има луда понуда за да продолжи во Париз, но напаѓачот кажал НЕ.

МД пренесува дека ПСЖ му понудил 100 милиони евра само за параф на документите. Платата ќе остан иста како и спонзорскиот договор со Националната банка на Катар кои комбинирано на играчот му носат 50 милиони евра годишно.

Но Нејмар одбил да стави потпис на нов договор и е подготвен да направи големо финансиско жртвување за повторно да го облече дресот на Барселона. Не само што ја одбил неверојатната премија од 100 милиони, Бразилецот прифаќа на Камп Ноу да има двојно помала плата од таа во Париз.

Тој дури е подготвен и да го искористи фамозниот член 17 на ФИФА и да побара светската куќа на фудбалот да ја одреди неговата трансфер вредност. Но пред да повлече ваков потег, ќе бара гаранции и потврда дека Барса ќе оди до крај за реализација на зделката.

Сепак, проблем е тоа што финансиската моќ на „каталонците“ ќе биде значајно ослабена поради кризата од пандемијата на коронавирусот, и тешко ќе можат да ја платата сумата која ФИФА ќе ја одреди (се очекува да биде помеѓу 160 и 180 милиони евра).

По реално сценарио за трансфер е ПСЖ да седне на маса и да прифати неколку играчи како дел од трансферот, формула која беше разгледувана до последен ден минатото лето.

Коронавирус