сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Нејмар: Роналдо ќе го промени италијанскиот фудбал

Нејмар: Роналдо ќе го промени италијанскиот фудбал

Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека Кристијано Роналдо со својот трансфер од Реал Мадрид во Јувентус ќе го промени италијанскиот фудбал.

Роналдо ова лето потпиша четиригодишен договор со Јувентус и изјави дека сака да обележи историја во Јувентус.

-Мислам дека Кристијано Роналдо ќе го промени италијанскиот фудбал. Повторно тоа ќе биде италијанскиот фудбал кој го гледав како дете, зашто Роналдо е одличен играч. Тој е фудбалска легенда, гениј, рече Нејмар.

Роналдо со Реал Мадрид освои четири титули на Лигата на шампиони, два трофеја во шпанска Пример, како и два Купа на кралот, а Нејмар оцени дека на Португалецот сигурно не му било лесно да донесе одлука за да го напушти Мадрид.

Среќен сум поради оваа одлука. Мислам дека тоа била тешка одлука за него, му посакувам среќа, но не против Париз, додаде Нејмар.

Тој и оваа година ќе игра во ПСЖ каде во минатата година дојде од Барселона за 222 милиони евра и така стана најскапиот играч во историјата на фудбалот.

Коронавирус