сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 49
home Фудбал

Нејмар: Расизмот во фудбалот е неприфатлив, тој мора да се искорени

Нејмар: Расизмот во фудбалот е неприфатлив, тој мора да се искорени

Големата sвезда на францускиот гигант ПСЖ, Нејмар призна дека воопшто не може да прифати расизам во фудбалот и тој многу го иритира.

Неодамна, на фудбалските терени се забележани грди навреди од навивачи кон фубалери и други спортисти.

– Што ме нервира во фудбалот? Расизмот секако. Не можам да го прифатам тоа. Приказните со Тајсон, Дентињо и Балотели се крајно грди. Ние живееме во 21 век и не треба да дозволуваме вакви работи. Би сакал сите навивачи кои доаѓаат на стадионот да го разберат ова, вели Бразилецот во интервју за „Франс Фудбал“.

Се потсетува дека фудбалерите на Шахтјор Доњецк, Тајсон и Дентињо беа навредувани на расистичка баа од навивачите на Динамо Киев, при што клубот од украинската престолнина мораше да одигра натпревар пред празни трибини, поради грдиот настан.

Марио Балотели пак беше навреден од навивачите на Верона и тимот беше казнет со делумно затворање на трибините.