понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 169
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Нејмар повторно поцрвене во ПСЖ за да оди на карневалот во Рио

Нејмар повторно поцрвене во ПСЖ за да оди на карневалот во Рио

Само што француските медиуми објавија дека Нејмар, конечно, нема да оди на роденденот на сестра му, но и на карнавелот во Рио де Жанеиро, стигна демант. Бразилската ѕвезда во дресот на ПСЖ доби црвен картон во синоќешниот меч со Бордо и се ослободи од обврски кон „светците“ за наредниот период што влева доза на сомнеж за начинот на кој успеа да издејствува слобода.

Исклучувањето се случи во судиското екстра време на натпреварот и тоа на средина на теренот. Француските медиуми веднаш се распишаа дека Нејмар секој пат во овој период од годината или е повреден или е под суспензија за да може да „избега“ на неколку дена до Рио, но и да биде дел од роденденската забава на сестра му.

Сè уште е непознато на колку време ќе биде суспендиран, но претпоставките се дека ќе добие два меча што е доволно време да „скокне“ со прочуениот карневал во олимписко Рио кој трае до 26 февруари.

Коронавирус