четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар патува во Јужна Америка и покрај повредата

Нејмар патува во Јужна Америка и покрај повредата

Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе патува во Јужна Америка на натпреварите во квалификациите за СП во 2022 година, и покрај тоа што повреди препона додека играше за Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Селекторот на Бразил, Тите го повика напаѓачот Фламенго Педро за натпреварите против Венецуела и Уругвај, на 13 и 17 ноември, но не го отстрани Нејмар од тимот.

Лекарот Родриго Ласмар рече дека очекува Нејмар да биде подготвен за мечот со Уругвај, „по една недела интензивен тренинг“ за селекцијата на Бразил во кампот Терезополис кај Рио де Жанеиро.

„Тој има шанса да се опорави за вториот натпревар. Внимателно ќе го следиме развојот на ситуацијата “, изјави Ласмар за веб-страницата на Фудбалската конфедерација на Бразил.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел минатата недела изјави дека ќе биде „невозможно“ Нејмар да игра за Бразил, бидејќи тој се уште се опоравува од повредата.

Селекторот на Бразил има проблеми со тимот затоа што се повредени Филипе Кутињо, Фабињо и Родриго Кајо. Во квалификациите за Јужна Америка, Бразил и Аргентина водат со по две победи во две кола. (МИА)

Коронавирус