петок, 7. мај 2021. Вести денес: 71
home Фудбал

Нејмар оптимист кога е во прашање неговиот настап на Мундијалот

Нејмар оптимист кога е во прашање неговиот настап на Мундијалот

Фудбалерот на ПСЖ и бразилски репрезентативец Нејмар верува дека ќе биде подготвен за настап на Мундијалот.

Нејмар поради повреда е надвор од терените веќе два месеца и закрепнува во татковината.

– Очекувам да се вратам на теренот во некаде во средината на мај. Се зависи од лекарите кои ќе го имаат последниот збор. Засега се се одвива според планираното. Ветувам дека ќе бидам подготвен за СП и ќе бидам подобар од пред повредата.

Бразил подготовките за Мундијалот во Русија ќе ги почне на 21 мај.

Фудбалскиот шампионат во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули.

Коронавирус