вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 140
home Фудбал

Нејмар нема да биде казнет за удирањето на навивач

Нејмар нема да биде казнет за удирањето на навивач

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар ќе избегне санкција за ударот во лице на еден од навивачите, пренесоа француските медиуми.

Според „Л’Екип“, судот ја прекинал постапката против Бразилецот кој добил предупредување во писмена форма за неприфатливоста на ваквите постапки, но тој нема да биде казнет.

По финалниот натпревар од Купот на Франција 2019 против Рен (2:2, пенали 5:6) Нејмар го удри навивачот во лице. Според извештаите на медиумите, настрадал навивачот на Рен, кој ги навредувал играчите на ПСЖ за време на церемонијата на доделување на наградите. Навивачот подоцна го тужеше фудбалерот.

Адвокатот на фанот, Филип Ојон ја критикуваше пресудата на судот. Тој рече дека ако неговиот клиент го удрел Нејмар, тој ќе бил испратен во затвор.