вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар: Не се гордеам што сум најскапиот фудбалер, јас би платил помалку за себе

Нејмар: Не се гордеам што сум најскапиот фудбалер, јас би платил помалку за себе

Големата ѕвезда на Бразил, Нејмар изјави дека не се чувствува горд на фактот дека пред година Пари Сен Жермен плати за него 222 милиони евра и на тој начин стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Според напаѓачот, тоа се само пари и тие не зборуваат ништо за неговите квалитети. Самиот Нејмар признава дека не би платил слична сума за себе.

– Не се чувствувам горд на тоа што за мене беше платена таква сума, ниту фактот дека сум најскапиот фудбалер во историјата. Ова се само пари, ништо повеќе. Лично јас би платил помалку за себе. Како играч, секогаш треба да покажуваш кој си и да се докажуваш. Нема да ти биде од корист, ако само се повикуваш на трансферната сума платена за тебе. Таа не зборува ништо за тоа што претставуваш, изјави Нејмар.