понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 31
home Фудбал

Нејмар не можел да спие, затоа не игра за ПСЖ

Нејмар не можел да спие, затоа не игра за ПСЖ

Големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар беше на трибините на „Парк де Пренс“ при победата на шампионите над Сент Етјен со 4-0 вчеравечер во Лига 1.

Тренерот на „светците“, Томас Тухел ја објасни причината зошто Бразилецот останал надвор од групата на парижаните и за многумина присутни, таа беше во најмала рака чудна.

– Дали го чуваме за натпреварот против Ливерпул во Лигата на Шампионите? Да, но само делумно тоа е причината. Зборував со него во четвртокот, бидејќи тој се врати подоцна од натпреварите на бразилската репрезентација. Му реков дека нема да игра и може исто така и да не тренира. Но тој се чувствуваше добро и учествуваше целосно во тренинг процесот. Но немаше спиено цела ноќ. На денот на натпреварот го прашав како е и тој ми одговори: „не знам“. Со овој одговор алармот заѕвони во мојата глава. Не сакав да ризикуваме. Го зедовме заедно со нас, но беше одлучено да не игра против Сент Етјен, изјави Германецот.

Коронавирус