сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 48
home Фудбал

Нејмар, Меси и Мбапе конечно заедно на терен

Нејмар, Меси и Мбапе конечно заедно на терен

ПСЖ вечерва ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите и го започнува походот за единственото нешто што им недостасува.

Парижаните се едни од главните фаворити за освојување на годинешното издание на Лигата на шампионите, а доказ за тоа е и нивниот пеколен состав.

„Светците“ вечерва гостуваат кај Клуб Бриж во натпреварот од Групата А и во овој меч влегуваат без калкулации. Францускиот вицепрвак ќе истрча во речиси најсилниот состав, а ќе го предводат Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси.

Навивачите на ПСЖ сигурно со нетрпение исчекуваа да го видат веројатно најмоќното напаѓачко трио во моментов на дело, а на дефанзивците на Бриж сигурно не им е сеедно кога ќе погледнат против кого се соочуваат вечерва.

И покрај тоа што Покетино нема на располагање речиси цел еден состав на повредени играчи, меѓу кои се и Ди Марија, Серхио Рамос, Верати, Курзава, Гај, Бернат и Рафиња, сепак има исклучително моќен состав на располагање за вечерва.

Клуб Бриж (3-5-2): Мињоле – Нсоки, Ендри, Клинтон Мата – Собол, Баланта, Ванакен, Риц, Соуа – Ланг, Де Кетеларе.

ПСЖ (4-3-3): Навас – Хакими, Маркињос, Кимпембе, Дијало – Вајналдум, Паредес, Ерера – Меси, Мбапе, Нејмар.

Сепак, дерби мечевите на вечерта се играат во Милано и Ливерпул.

На „Џузепе Меаца“ Интер го пречекува Реал Мадрид, а Карло Анчелоти и Симоне Инзаги не калкулираа и ги изведоа најсилните состави кои ги имаат на располагање.

Интер (3-5-2): Хандановиќ – Бастони, Де Врај, Шкринијар – Перишиќ, Чалханоглу, Брозовиќ, Барела, Дармијан – Мартинез, Џеко.

Реал Мадрид (4-3-3): Куртоа – Карвахал, Милитао, Начо, Алаба – Модриќ, Касемиро, Валверде – Винисиус, Бензема, Лукас Васкез.

На „Енфилд Роуд“ вечерва имаме европски класик. Две екипи кои ја одбележаа минатата деценија во европскиот фудбал и кои одиграа две незаборавни финалиња, особено она во Истанбул.

Милан по осум години се врати во Лигата на шампионите, а уште на стартот се соочува со тежок предизвик бидејќи гостува кај Ливерпул.

Ливерпул (4-3-3): Алисон – Робертсон, Гомез, Матип, Александер-Арнолд – Хендерсон, Фабињо, Кеита – Жота, Ориги, Салах.

Милан (4-2-3-1): Мањан – Калабрија, Кјаер, Томори, Ернандез – Кеси, Бенасер – Салемекерс, Дијаз, Леао – Ребиќ.

Коронавирус