сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 61
home Фудбал

Нејмар: Мбапе е веќе феномен, ќе биде еден од најголемите играчи во светскиот фудбал

Нејмар: Мбапе е веќе феномен, ќе биде еден од најголемите играчи во светскиот фудбал

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар верува дека неговиот соиграч и напаѓач Килијан Мбапе може да биде еден од најголемите играчи во светскиот фудбал.

Во тековната сезона, Мбапе настапи на 35 натпревари за ПСЖ, постигна 31 гол и даде 15 асистенции.

На крајот од минатата година, 20-годишниот Французин беше прогласен за најдобар млад фудбалер.

– За мене, Мбапе уште отсега е феномен, тој може да направи одлична кариера и да стане уште подобар. Не се сомневам дека тој ќе стане еден од најголемите играчи во светскиот фудбал. Мирен човек е, а исто така среќен и полн со радост, секогаш подготвен да се пошегува. Тој е уште млад и треба да добие повеќе искуство изјави Нејмар за „Goal. com“. з