среда, 12. мај 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Нејмар: Ќе се вратам посилен од порано

Нејмар: Ќе се вратам посилен од порано

Бразилската ѕвезда Нејмар изрази надеж дека ќе може да закрепне на време за Светското првенство во Русија во јуни оваа година.

Во моментов, напаѓачот на Пари Сен Жермен е во Сао Паоло, каде што се опоравува по операцијата на ногата. Во февруари оваа година, Нејмар ја повреди ногата и мораше да претрпи хируршка интервенција.

Нејмар се уште носи сигурносна чизма на ногата, но самиот тој изрази надеж дека на крајот на мај ќе може да започне со подготовки и за завршницата во Русија ќе биде на линија.

– Нема точен датум за мое враќање во игра. Се зависи од тоа како се одвиваат работите, зависи од мојот следен преглед. Сепак ништо не е јасно. Се надевам дека нема да го гледам светското на телевизија. Ќе имам доволно време да се подготвам. Работите се одвиваат добро, ќе се вратам подобар од порано, прокоментира Нејмар на рекламен настан во Сао Паоло.

Коронавирус