петок, 14. мај 2021. Вести денес: 113
home Фудбал

Нејмар ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Нејмар ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар најави дека ќе го продолжи договорот со парискиот клуб.

– Ситуацијата со договорот веќе не е проблем. Се чувствувам многу пријатно во ПСЖ, исто како дома. Тука сум посреќен од кога било, го цитира „ЕСПН“ Нејмар.

Дваесет и деветгодишниот Бразилец игра за Пари Сен-Жермен од летото 2017 година. Во сезоната 2020/21, тој одигра 22 натпревари за тимот, постигна 13 голови и осум асистенции.

Актуелниот договор на фудбалерот со францускиот клуб важи до крајот на јуни 2022 година.

Коронавирус