понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар ја продолжи соработката со ПСЖ – за фудбалерот следат уште 4 години во овој фудбалски клуб

Нејмар ја продолжи соработката со ПСЖ – за фудбалерот следат уште 4 години во овој фудбалски клуб

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) Нејмар постигна договор со раководството на клубот од Париз за продолжување на соработката за уште четири години, јавија денеска француските и бразилските медиуми.

Францускиот „МЦ Спорт“, повикувајќи се на добро информирани извори во Бразил, објави дека новиот четиригодишен договор најверојатно ќе биде потпишан до крајот на оваа недела.

Нејмар дојде во редовите на актуелниот француски првак во 2017 година од Барселона за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Бразилскиот репрезентативец досега за ПСЖ одигра 101 натпревари на кои постигна 82 голови, освојувајќи вкупно девет трофеи. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија