среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 16
home Фудбал

Нејмар: Дојдов во ПСЖ да напишам историја

Нејмар: Дојдов во ПСЖ да напишам историја

Ѕвездата на Пари Сен Жермен ќе го предводи тимот утре, кога францускиот тим ќе се обиде да ја освои својата прва титула во Лигата на шампиони. Сепак, тимот на Томас Тухел ќе мора да се справи со моќниот Баерн во финалето за да го крене трофејот.

– Ова е местото каде што сакаме да бидеме. Сопствениците имаат голем проект, а дел од него е да бидеме најдобри во Европа. Ние не сме биле поблиску отколку што сме сега, но треба да останеме фокусирани, рече Бразилецот.

Најскапиот фудбалер на светот коментираше дека индивидуалните награди доаѓаат по тимските успеси.

– Меси и Роналдо доминираат последните 10 години, но тие не се од оваа планета. Би било чест за мене да ја освојам „Златната топка“. Слични награди доаѓаат од она што го постигнувате на теренот и колку му помагате на клубот да победува. Јас сум фокусиран на тоа. Сè друго ќе си дојде на своето место ако е пишано. Освојувањето во Лигата на шампионите е нешто посебно. Но, победата со ПСЖ, тоа е како да пишуваш историја и затоа дојдов тука, додаде тој. (МИА)

Коронавирус