четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 8
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Нејмар добива нов договор во ПСЖ

Нејмар добива нов договор во ПСЖ

Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе остане на „Паркот на принцовите“ до 2027 година.

Најугледниот француски весник „Л’Екип“, кој пред нешто повеќе од еден час објави дека Кристоф Галтие ќе биде новиот тренер на ПСЖ зашто веќе се договорил за двегодишна соработка со уште една година опција за продолжување на истата, вечерва објави дека Бразилецот на 1 јули ќе добие нов договор за уште пет сезони.

Иако Насер Ал Келаифи, катарскиот газда вчера најави дека можност Нејмар и да биде продаден, иако не го посочи него конкретно, продолжувањето на новата петгодишна соработка ќе дојде по автоматизам.

Нејмар лани потпиша нов договор до 2025 година со опција за продолжување на соработката за уште две години и тоа веќе на 1 јули истата да стане облигаторна, што значи автоматски договорот му е со истек до 2027 година.

Коронавирус