вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 99
home Фудбал

Неизвесен за мечот со македонската репрезентација: Селекторот Радои позитивен на коронавирус

Неизвесен за мечот со македонската репрезентација: Селекторот Радои позитивен на коронавирус

Романскиот селектор Мирел Радои е позитивен на коронавирус и би можел да го пропушти премиерниот натпревар во мундијалските квалификации против македонската фудбалска репрезентација.

– Во понеделникот, на 15 март. се тестирав на Ковид-19 и резултатот, за жал, беше позитивен. Се чувствувам добро и немам симптоми, изјави денеска Радои.

Романија во рамки на првото коло во квалификациската група за пласман на Мундијалот во 2022 година ја пречекува македонската репрезентација на 25 март во Букурешт, по што три дена подоцна е домаќин на Германија, а на 31 март и гостува на Ерменија.

Романските медиуми јавија денеска дека Радои ќе продолжи секојдневно да се тестира на коронавирус во трка со времето да добие вести за два последователни негативни наоди што ќе му овозможи да ја предводи репрезентацијата во мартовските квалификации.

ЕУРО 2020

Македонија