четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Небојша Стојковиќ, нов претседател на ФК „Победа“

Небојша Стојковиќ, нов претседател на ФК „Победа“

Нов претседател на Фудбалскиот клуб „Победа“ од Прилеп ќе биде Небојша Стојковиќ. Стојковиќ функцијата ја презема од досегашниот претседател Ирена Јакимоска чиј заменик беше досега.

Според Јакимоска, изборот на Стојковиќ е вистинскиот зашто како поранешен фудбалер најдобро ќе може да го води клубот во новата сезона.

– Уште во почетокот од годинава најавив дека ќе бидам в.д претседател сѐ до најзначувањето на нов. Верувам дека Стојковиќ е  вистинскиот избор, а нашата соработка ќе продолжи, вели Јакимоска.

Стојковиќ ќе ја преземе функцијата по формализирањето на процедурата во Централниот регистар.

– Без оглед колку време ќе бидам на оваа позиција можам да ветам дека со моите соработници, со целата управа ќе донесуваме одлуки во интерес на клубот. Би ја искористил приликата да ги поздравам сите навивачи и да ги повикам на фер и коректно навивање, а ние ќе им вратиме со добри игри и резултати, изјави Стојковиќ.

Според Тони Мегленски, шеф на стручниот штаб, на „Победа“ ѝ одговара пролонгираниот старт на шампионатот на 12 август.

– Пролонгирањето на почетокот на првенството за нас е во вистински момент и ќе имаме дпополнително време да се воиграме во следните два тестнатпревари. Имаме 11 нови играчи, а чекаме уште двајца нови. Се засиливме добро и ќе треба време да се ускладиме. Со новите играчи потпишувавме договори на 2-3 години. Но, се е врзано од резултатите и успехот, вели Мегленски.

Прилепскиот прволигаш „Победа“ за ден-два ќе ангажира засилување на дефицитарната централна напаѓачка позиција. Нов член на Победа ќе Киријан Нвабуезе, кој има американски пасош, а ероден во Нигерија.

По вчерашниот пораз во тестнатпреварот со второлигашот Кожуф во Гевгелија со13Победа“ ги продолжува подготовките со нов тест натпревар во среда, на 1 август, против Тиквеш во Кавадарци, апротив „Пелистер“ ќе игра в недела, на 5 јуни, во Битола. 

Коронавирус