петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Не одигра ниту еден натпревар на ЕУРО 2020, Кансело позитивен на Ковид-19

Не одигра ниту еден натпревар на ЕУРО 2020, Кансело позитивен на Ковид-19

Жоао Кансело денес ги дозна непријатните вести. Дефанзивецот на португалската репрезентација и член на Манчестер Сити е позитивен на коронавирусот и за него Европското првенство заврши пред првиот натпревар, потврди Фудбалскиот сојуз на Португалците.

Замената е исто така позната. На местото на Кансело ќе се најде Диого Далот, фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој сезоната ја помина на позајмица во Милан, а десното крило веќе играше на Европскиот младински национален шампионат.

Младиот дефанзивец со португалската репрезентација „У21“ освои сребро.

Првиот натпревар Португалија го игра во групата Ф на Европското првенство во вторник од 18 часот против Унгарија.

Коронавирус