петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 17
home Фудбал

Не може да присуствува на погребот на својата мајка: Клоп со емотивна изјава

Не може да присуствува на погребот на својата мајка: Клоп со емотивна изјава

Тренерот на англискиот првак Ливерпул, Јирген Клоп, е спречен да присуствува на погребот на својата мајка во германска област Шварцвалд, поради патните рестрикции поврзани со коронавирусот.

Германскиот тренер, кој од 2015 година седи на клупата на Ливерпул, изјави денеска за германските медиуми, дека патните ограничувања и правилата за карантин во Велика Британија и Германија, го оневозможиле да присуствува на последното испраќање на својата мајка Елизабет.

– Таа беше мајка во вистинска смисла на зборот и ми значеше сè во животот. Неможноста да присуствувам на погребот е последица на ова ужасно време, но еден ден, кога условите тоа ќе го дозволат, ќе организираме прекрасен помен, изјави Клоп за германскиот весник „Шварцвалдер Боте“.

Мајката на Клоп почина минатиот месец.

Поради патните ограничувања Ливерпул неодамна не доби дозвола од германските власти идниот вторник да го одигра во Лајпциг првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони и пресметката со бундеслигашот со одлука на УЕФА е преместена во Будимпешта.

ЕУРО 2020

Македонија