сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Не е шега: Џејми Варди за малку ќе го облечел дресот на Партизан

Не е шега: Џејми Варди за малку ќе го облечел дресот на Партизан

Поранешниот српски шампион Партизан имал шанса за мали пари да го купи англискиот репрезентативец Џејми Варди, пред голгетерот на Лестер да се прослави со овој клуб во епската сезона во 2016 година, кога „лисиците“ предводени од Клаудио Раниери ја напишаа најубавата фудбалска приказна и станаа шампиони во Премиерлигата.

Поранешниот прв човек на белградскиот клуб Драган Ѓуриќ објави засега непознати детали дека Варди за еден милион евра можел да дојде во Партизан и главен човек за трансферот бил Аврам Грант, израелскиот кормилар, кој едно време беше и прв менаџер на лондонски Челси, а потоа ги предводеше црно-белите.

„Штом дојде Грант во Партизан прво ни рече – донесете ми го Варди. Ни тврдеше дека неколкукарно ќе ни се исплати тој трансфер. А, ние пустите – немавме скршен динар! Нѝ требаа еден милион евра да го купиме. Толку бараа во тој момент Англичаните. Немавме генерален спонзор, не знаевме од каде пари да бараме. Немавме пари како што има сега во Партизан“, вели Ѓуриќ.

Се работи за период од 2012 и 2013 година, кога Варди играше за петолигашки клуб.

„Не треба да не залажува тоа што петолигашки клуб бара милион евра. И тогаш Варди беше пеколен играч, ама Грант имаше нос за таленти. Ги знаеше сите деца низ Англија, беше мајстор да открие талент. Ама, ете, нашата криза беше пречка за да го купиме. Не можеме толку да платиме. А, ако го земевме по претпоставка, ќе нè распнека, како трошиме милион евра на фудбалер од петта лига, за тотален анонимец. А видете денеска, Партизан и Црвена Звезда за големи пари носат сомнителни странци и – никому ништо“, додава бившиот прв човек на белграѓани.

Варди во 2012 година кога Партизан можел да го купи мина од Флитвуд таун во Лестер за нешто над еден милион евра, а сега веди најмалку 20 милиони, иако врвот на кариерата му беше во 2016 година, кога се изнадава голови и беше хит во светскиот фудбал. Има вкупно 118 голови за Лестер и е репрезентативец на „Гордиот Албион“.