петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Фудбал

Не е само Милан: Торино влегува во трката за Енис Барди!

Не е само Милан: Торино влегува во трката за Енис Барди!

Леванте сериозно размислува да се раздели со Енис Барди. Парите од трансферот на македонскиот фудбалер и тоа како му се потребни на шпанскиот прволигаш.

Неодамна се појави шпекулација дека Милан се интересира за нашиот интернационалец. Но, тоа не е единствената екипа од Италија која сака да го доведе во своите редови.

Сега и Торино наводно влегол во трката за потписот на 26-годишникот. Тимот има потреба од уште едно офанзивно оружје во екипата за претстојната сезона, па тоа е причината за желбата да се соработува со македонскиот репрезентативец.

Барди важи за фудбалер со разорен удар, кој може да помогне и во организацијата на играта. Минатиот месец беше дел од Европското првенство со Македонија и ги одигра сите три меча во групната фаза.

Леванте соработува со талентираниот фудбалер од 2017 година, кога го откупи од унгарски Ујпешт.

Коронавирус