Музејот на восочни фигури во Барселона ја изложи новата статуа на капитенот на каталонскиот клуб Лионел Меси, предизвикувајќи подбивни реакции од навивачите поради „изобличениот“ лик на Аргентинецот.
Меси е претставен во клупските бои на Барселона со неговиот заштитен број 10 и карактеристичната поза во која ги прославува головите со кренати прсти кон небото.
Статуата предизвика големо разочарување и подбивни реакции на социјалните мрежи од голем број навивачи, кои коментираат дека ликот на Меси на восочната фигура е изобличен и повеќе наликува на играчот на Јувентус, Арон Рамзи или голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
A statue of Lionel Messi has been unveiled at Barcelona’s wax museum 👀 pic.twitter.com/g0eXgPhN7U
— ESPN FC (@ESPNFC) December 4, 2020