понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 144
home Фудбал

Навивачите на Реал изненадени кога видоа кој синоќа беше во ВИП ложата (ВИДЕО)

Навивачите на Реал изненадени кога видоа кој синоќа беше во ВИП ложата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на домашен терен го совладаа Селта Виго со 5: 2 во натпреварот од четвртото коло во Примера.

Селта одигра одлично во првото полувреме и имаше предност од 2: 1 со головите на Мина и Черви, а единствениот гол за кралевите во првиот дел од натпреварот го постигна Бензема.

Сепак, Реал дојде до пресврт во продолжението од натпреварот и славеше на крајот со 5: 2. Два гола во второто полувреме постигна Бензема, а по еден додаде Винисиус Јуниор и Камавинга.

Интересно е што ова беше прв натпревар на Реал на „Сантијаго Бернабеу“ по март минатата година. Кралевите се вратија на својот стадион иако реновирањето не беше завршено, но атмосферата беше навистина одлична.

Многу фанови ја искористија можноста да дојдат на синоќешниот натпревар и да го посетат нивниот „храм“ по повеќе од една година.

Шпанските медиуми дури успеаја да го снимаат Зинедин Зидан, кој се наоѓаше во ВИП ложата кој го гледаше до вчера свој клуб.

Зидан го напушти Реал на крајот од минатата сезона, а наместо него на клупата дојде Анчелоти.

Францускиот стручњак не најде нов ангажман за време на летната пауза и јасно е дека одлучи прво добро да се одмори, а дури потоа да најде нов предизвик во својата тренерска кариера.

Тој синоќа покажа колку е поврзан со Реал Мадрид бидејќи натпреварот го гледаше од трибините на Бернабеу.

Локални избори 2021