петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 31
home Фудбал

Навивачите на Јувентус истакнаа транспарент со кој му посакуваат смрт на Ањели

Навивачите на Јувентус истакнаа транспарент со кој му посакуваат смрт на Ањели

Дел од навивачите на Јувентус за време на синоќешниот натпревар од Суперкупот на Италија со Интер (1:1, 1:2 по продолжение) на „Сан Сиро“ истакнаа транспарент упатен до претседателот на клубот Андреа Ањели. Во текот на првото полувреме на трибините се појави транспарент на кој пишуваше: „Agnelli muori“ (Ањели умри).

За потсетување, во 2019 година, полицијата уапси 12 ултраси на Јувентус под сомнение за перење пари, насилство и изнуда во врска со продажба на билети. Истрагата започна една година порано и се однесуваше на наводното мешање на мафијата во продажбата на билетите на „ултрасите“. Јувентус соработуваше со властите во текот на истрагата, а Ањели призна дека навивачите вршеле притисок врз клубот.

Оттогаш, на некои од најжестоките навивачки групи им е забрането да се појавуваат на домашната арена на Јувентус.

Самиот Ањели не беше на натпреварот со Интер бидејќи се зарази со коронавирус.

Коронавирус