среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Фудбал

Навивачите имаат порака до Елмас и другарите: Избравте погрешен пат! (ФОТО)

Навивачите имаат порака до Елмас и другарите: Избравте погрешен пат! (ФОТО)

Наполи требаше да биде еден од кандидатите за титулата во италијанската Серија А, но сезоната ја почнаа многу слабо, па по поразот од Рома (1-2) фудбалерите го налутија претседателот Аурелио Де Лаурентис, кој го испрати во карантин.

Сепак, по ремито со Салцбург (1-1) во Лигата на шампиони, Наполитанците се побунија и решија да заминат дома и така не ја почитуваа наредбата на Де Лаурентис, кој потоа реши да ги казни парично.

Денеска околу 200 навивачи на Наполи го следеа тренингот во Неапол, а фудбалерите ги „почестија“ со свирежи, по што истакнаа и транспаренти против играчите.

„Избравте лош пат… почитувајте ги тие кои го сакаат овој дрес и кои плаќаат“, беше пораката на навивачите на Наполи.