четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Навивачи во оперска сала – вака го направија тоа Германците (ВИДЕО)

Навивачи во оперска сала – вака го направија тоа Германците (ВИДЕО)

Деновиве кај нас уште е актуелна аферата и скандалот со прославата на навивачката група „Шверцери“, поддржувачи на фудбалскиот клуб Шкупи, во новата зграда од Македонскиот Народен Театар.

Многумина прашуваат и инсистираат на одговори за тоа на кој начин навивачите ја добиле главната сала од зградата на театарската институција. А револтот и реакциите заради штетите предизвикани од страна на навивачите со нивното недолично однесува, како и изземањето од одговорност на речиси сите официјални и одговорни лица поврзани со оваа културна установа, не стивнуваат.

Е сега, навивачка група во културно-уметничка институција и установа не е ниту прв, ниту веројатно последен, кога ќе погледнеме во светски рамки. Пример за тоа е кореографијата на навивачката група „Ултрас“, навивачи на германски Динамо Дрезден, во дрезденската „Земперопер“.

На 18 декември 2017 година, „Земперопер“ во Дрезден ги отвори своите врати за црно-жолтата кореографија на навивачката група „Ултрас“. Наградуваниот фотограф и уметник Андреас Мих ги постави внесе членовите на „Ултрас Динамо Дрезден“ во аудиториумот од светски познатата оперска куќа. Фотографијата стана дел од годишната книга за оперската сезона 2018/19, која беше претставена на 22-ри февруари. А за сето тоа е снимено и кратко документарно филмче.

Коронавирус