Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рутински го победи Талон Грикспор, но имаше непријатна сцена на стартот на третиот сет, кога се изнервира поради провокациите од публиката во Њујорк.
Неколку пати навивачите го провоцираа Ѓоковиќ пред да испрати удар, а Србинот остана мирен на обидите да го исфрлат од ритам, но на стартот на третиот сет повеќе не можеше да издржи.
Србинот ја нападна публиката, а судијата експресно реагираше и го предупреди Ѓоковиќ да остане фокусиран на мечот, по што најдобриот тенисер имаше вербална пресметка и со главниот арбитар.
Српскиот ас му се пожали на судијата дека веќе неколку пати се случува истото во текот на мечот и не е проблем што тоа го прават навивачите меѓу поени, туку пред неговите удари.
Djole poludeo zbog navijaca koji su ispustali zvukove tokom meca pa ih opsovao sa Je*** ti mater ja smr***vu pic.twitter.com/ghz9l9MLGB
— Nolekralju19 (@nolekralju19) September 3, 2021