вторник, 6. јуни 2023. Вести денес: 152
home Фудбал

Навивачи на Ливерпул го измешаа Генк со Гент и не успеаја да отидат на натпреварот, па градот домаќин реши да ги изненади навивачите

Навивачи на Ливерпул го измешаа Генк со Гент и не успеаја да отидат на натпреварот, па градот домаќин реши да ги изненади навивачите

Двајца навивачи на Ливерпул не успеаја да присуствуваат на гостувањето во Лигата на шампионите против Генк (4:1) поради сопствената грешка.

Според пишувањата на белгиските медиуми, Британците наместо во Генк отишле во Гент. Тие ја сфатија својата грешка само половина час пред почетокот на натпреварот.

„Изгубените“ навивачи пронајдоа ирски паб и го гледаа натпреварот на телевизија. Тие потрошија 150 евра на воз и 70 евра на билети.

Откако информациите за овој случај се појавија во медиумите, Гент ги покани овие навивачи на натпревар со Волфсбург во Лигата на Европа, што ќе се одржи денес, објави клубот на Твитер. па