сабота, 15. август 2020. Вести денес: 77
home Фудбал

Навивачи на Галатасарај соблекоа фан на ПСЖ до гола кожа (ВИДЕО)

Навивачи на Галатасарај соблекоа фан на ПСЖ до гола кожа (ВИДЕО)

На средбата од 6. коло во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Галатасарај и претходеа навиачки нереди на улиците во Париз.

Истите започнаа околу 18 часот, а на улиците на француската престолнина летаа столчиња кои навивачите на двата клуба ги користеа при нередите.

Во пресметката учествувале околу 100 навивачи, а „Ле Парисиен“ известува дека едно лице се здобило со повреди на главата.

На социјалните мрежи кружи видео од навивач на ПСЖ кој навивачите на Галатасарај го соблекле гол до кожа откако запалил знаме на Турција.

Според одредени информации, навивачите на ПСЖ биле тие кои први го започнале нападот, но на крај го извлекле подебелиот крај.

Извор: Спорт клуб

Коронавирус