сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачи на Барселона го слават Димитриевски, им го исполнил сонот на сите каталонци (ФОТО)

Навивачи на Барселона го слават Димитриевски, им го исполнил сонот на сите каталонци (ФОТО)

Фанови на Барселона бараат статуа за Димитриевски, тие се радуваат на неговиот одбранет пенал бидејќи тој даде голем придонес во отказот за Роналд Куман.

Грото од навивачите на Барселона посакуваа Роналд Куман да добие отказ, тоа конечно се случи по поразот од Рајо Ваљекано.

А посебни заслуги за поразот на Барселона има Столе Димитриевски кој му одбрани пенал на Депај.

Навивачите на каталонскиот клуб знаат дека ако Депај го дадеше голот, Барса веројатно ќе избегнеше пораз, а со тоа ќе се одложеше и отказот за Роналд Куман.

Токму затоа на социјалните мрежи го слават нашиот Димитриевски.

„Тој е човекот. Тој е личноста. Тој е генијалец. Запомнете го него. Кога ќе го кренеме шесттиот пехар (во ЛШ) во 2050 мора да му изградиме статуа на него. Дон Столе Димитриевски. Човекот кој го одбрани пеналот на Мемефис и го исполни сонот на сите Каталонци. Денеа и секогаш Столе е еден од нас“, напиша фан на Барселона на твитер.

Коронавирус