Навивач на Бирмингем вети дека ќе го истетовира на својот задник ликот на тренерот Гери Монк, ако клубот успее да го победи Фулам и обезбеди опстанок во Чемпионшип лигата.
Бирмингем не само што се избори за опстанок во втората по ранг англиска лига, туку и го совлада Фулам со убедливи 3:1.
По исполнувањето на условите навивачот Шејн Кузик соопшти дека ќе ја направи тетоважата, но побара донациja од 100 фунти.
Во донаторската акција се вклучи и самиот Гери Монк, кој ги доплати потребните 80 фунти за навивачот да ја направи тетоважата и приложи доказ за уплатата.
Но, Монк имаше и барање до Кузик, а тоа е да ја покаже тетоважата на социјалните мрежи, откако ќе биде готова.
МИА