Фудбал

Навивач на Атлетико Мадрид го плукна Тибо Куртоа (ВИДЕО)

Навивач на Атлетико Мадрид го плукна Тибо Куртоа (ВИДЕО)

Тибо Куртоа (32), голманот на Реал, беше цел на гнасен напад од страна на навивач на Атлетико по возвратниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Атлетико на својот стадион со победа од 1:0 го надомести триумфот на Реал од 2:1 во првиот натпревар. Но, потоа Реал помина на пенали.

Куртоа беше плукан од еден навивач на Атлетико додека излегуваше од теренот во тунелот на стадионот Метрополитано.

To top