Сент – Етјен дома триумфираше против Лион со 2:1 во натпреварот од 30. коло на француската лига.
Два гола за победата на домашниот тим постигна Стасен во 10-та и 67-та минута, додека почесниот гол за гостите го постигна Тесман во 76-та минута. Погледнете ги головите ОВДЕ.
Натпреварот беше одбележан со прекин на самиот крај на првото полувреме. Пред играчите да заминат на одмор, во 44-та минута некој од трибините го погоди помошниот судија со предмет во глава, најверојатно со паричка.
Потоа натпреварот беше прекинат, и главниот судија на натпреварот Франсоа Летексиер ги испрати екипите во соблекувалните додека не беше донесена одлука натпреварот да продолжи. Погледнете ја ситуацијата ОВДЕ.