петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 57
home Фудбал

Натпревар за фудбалските гурмани: Франција прв четвртфиналист, ревија голови, два од нив за паметење (ВИДЕО)

Натпревар за фудбалските гурмани: Франција прв четвртфиналист, ревија голови, два од нив за паметење (ВИДЕО)

Прв четвртфиналист на Светското првенство во Русија е репрезентацијата на Франција која со 4:3 успеа да ја победи Аргентина, во вистински трилер натпревар. Натпревар со два пресврти на резултатот.

Со голот на Антоан Гризман од пенал, Франција поведе со 1:0 во 13-та минута, а овој резултат беше на семафорот до 41-та минута кога Аргентина со евроголот на Анхел Ди Марија успеа да израмни на 1:1.

Вистинско шоу пак имаше во второто полувреме, прво со голот Габриел Меркадо во 48-та минута Аргентина успеа да дојде до комплетен пресврт и да поведе со 2:1, но брилијантниот гол на Бенџамин Павар успеа да донесе израмнување на 2:2, а Килијан Мбапе со два гола за 4 минути успеа да донесе комплетен пресврт. Со головите во 64-та и 68-та минута тој донесе 4:2. Конечните 4:3 ги постави Кун Агуеро.

Коронавирус